Во тек е изградбата на последниот проект на Стив Џобс, деловниот комплекс на Apple што личи на вселенски брод. На YouTube е објавена снимка направена со GoPro камера и беспилотно летало од кое можеме да видиме како досега изгледа развојот на проектот.
Apple планира да го отвори деловниот објект во 2016 година.
Видео записот е направен со беспилотно летало, а со оглед на тоа дека не постојат јасни правила што се однесува до ваквиот начин на снимање, корисникот навел дека леталото се наоѓало на височина помала од 120 метра.