Погледнете кој гласаше да ни се вратат визите


Изненадување е што хрватскиот европратеник Марио Балдини гласал да се усвои механизмот за враќање на визите за Западен Балкан, а Словенецот Јелко Кацин се воздржал од гласање

Со 328 гласови за, 257 против и 46 воздржани, Европскиот парламент даде дозвола за механизмот за привремено воведување на визите за Западен Балкан.

evropski parlamentАко, на пример, Германија забележи дека има навалица од азиланти од Македонија, благодарение на овој механизам може привремено да воведе визи за македонските граѓани додека не се стиши азилантскиот бран.

Екипа на Телеграф ја разгледа листата со податоци од гласањето и откривме интересни информации. Јасно се гледа дека европската народна партија туркала да се усвои механизмот. Статистиката покажува дека високи 86 отсто од европарламентарците гласале по линија на партијата.

Нашите соседи кои седат во клупите на Европскиот парламент гласале мешано, во зависност од инструкциите од партијата, но и според лично убедување.Евгениј Кирилов, бугарскиот европратеник кој е еден од најгласните критичари на земјава, гласал за привремено враќање на визите.

Не гласал Андреј Ковачев, пак, исто така познат по зборовите дека во Македонија има тоталитарна идеологија што го спречува напредокот на земјата.

За враќање на визите бил и бугарскиот европратеник Преслав Борисов од редовите на Народната партија. Со еден збор, најголем дел од бугарските европарламентарци дале дозвола.

Марија Елени Копа, грчката европарламентарка чие име во јавноста пред извесно време се врзуваше со тајни преговори за името се изјаснила против, додека Јоргос Кумуцакос се воздржал од гласање. Против гласала Хрисула Палијадели, авторка на книга за историски мапи за Македонија, а Јоргос Папаниколау, грчки европратеник од редовите на народната партија го поддржал воведувањето на механизмот.

Против новата мерка бил Гркот Никос Хрисогелос од партијата на зелените, како и неговиот сонародник во Европскиот парламент, Николас Хунтис.

Изненадува што од гласање се воздржал познатиот германскиот пратеник со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис. Овој механизам не го поддржал грчкиот парламентарец од партијата на социјалдемократите, Спирос Данелис, како и неговите колеги Харалампос Ангуракис и Критон Арсенис, а поранешниот грчки министер за надворешни работи, Димитрис Друцас се воздржал од гласање.

Што се однесува до другите земји од соседството, Словенците и Хрватите дале поддршка да остане безвизниот режим за Западен Балкан.

Но, секако има исклучоци. Хрватот Марио Балдини од редовите на социјалдемократите гласал да се усвои механизмот за неговите некогашни сонародници на Балканот.

Дел од европарламентарците кои настојуваа да не се усвои механизмот се изненадени што Јелко Кацин се воздржал од гласање. Известувачот за Македонија, Ричард Ховит, гласал против, исто како и Едуард Кукан.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1