Поголеми се шансите да ве казнат ако се карате на Водно отколку ако ве фатат среде секс


Кога се нема каде, а некому му се сака, тука се темните улички, Водно и парковите за интимна дружба на запалените љубовници, пишува Вечер. Иако законот предвидува казна од 100 до 400 евра за секс на јавно место, годинава не е изречена ниту една ваква казна.

ljubavnici-seks-seks-u-autu-vodenje-ljubavi-1352935965-230046-Секс на јавно место може да се санкционира по член 4 од законот за прекршоци, за дрско и непристојно однесување во јавност. По овој член полицијата има постапено, но само за другите ставки како карање и викање. Но, за сега не е изречена ниту една казна за секс на јавно место- велат од МВР.

– Секс на јавно место како прекршок не е опфатен во член 3 во прекршоци против нарушување на јавниот ред и мир, но може да се санкционира по член 4 од истиот закон за дрско и непристојно однесување во јавност. Сепак, под член 4 за дрско и непристојно однесување влегуваат повеќе ставки како на пример карањата и викањата. По овој член полицијата има постапено, но само за другите ставки како карање и викање каде МВР има изречено 82 казни годинава против 104 прекршители. Поточно годинава, барем сега-засега не е изречена ниту една казна за секс на јавно место, велат од полицијата. Значи, подобро да се сексате отколку да се карате!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1