Погребана бабата херој која застана пред пушка за да ја заштити внуката од полудениот сосед


Деска Мишиќ (82) од дољевачкото село Кнежица која беше убиена во петкот вечерта додека ја штитела својата внука Милица од полудениот сосед Горан Илиќ (45) денеска е погребана.
Храбрата баба кога видела дека Горан истрелал куршум од ловечката пушка кон нејзината внука, застанала пред цевката и го примила куршумот наменет за Милица.deska-misic-620x350-49677

Милица која во нишката болница и натаму се бори за живот, не знае дека бабата и починала.

-Многу ми е жал за свекрвата, ја обожуваше Милициа и животот за неа го даде. Штом нешто ќе посакаше, Деска трчаше во продавница да и донесе. Многу беа поврзани, не знам како Милица ќе поднесе тоа што бабата и е убиена.
Утрово се освести и прво праша за неа, но не и кажавме дека ја погребавме – раскажува Снежана Мишиќ, мајка на Милица.
Што го натера Горан да се обиде да ги убие своите соседи и натаму со сигурност не се знае. Се претпоставува дека мотив за овој незапаметен масакр е неговата несреќна љубов кон Милица.milica-misic

-Тој во нашата куќа доаѓаше 30 години. Роднини сме и од мајчина и од таткова страна, и секако дека не смееше да има никаква љубовна врска со Милица. Една сосетка од карши пред неколку години ни спомна дека тој бил заинтересиран за Милица, но тоа го отфрливме како озборување. Нашата ќерка има момче со кое се забавува веќе 5 години и многу се сакаат, а со Горан немаше никаква врска, истакнува таткото Драгослав.

Горан Илиќ по нападот врз семејството Мишиќ изврши самоубиство и ќе биде погребан утре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1