Марселин и Френсин Думолин имале 40 и 37 години кога исчезнале на 15 август 1942 година, а нивните смрзнати тела беа пронајдени пред неколку дена откако глечерот почнал да се топи.
Брачниот пар од Швајцарија, чии тела неодамна без пронајдени во глечер на Алпите откако исчезнале пред 75 години, се погребани во црква на југозападот од земјата, јавува швајцарската телевизија „SRF“.
Нивната ќерка Марселин Одри Думолин изјавила дека родителите заминале тоа утро да молзат крави и никогаш не се вратиле.
Според пишувањата на телевизијата на погребот се појавиле нивните две ќерки. Останатите четири деца кои ги имале се починати.
Швајцарската полиција изјавила дека поради климатските промени, тела на одамна настрадани лица се појавуваат сега поради топењето на глечерот.
Парот е пронајден по 75 години, мумифициран во глечер. Телата ги пронашле работници минатата недела, при рутинско одржување. Биле во зачувана состојба поради ледот на глечерот Тесанфлурон во близина на познатата ски патека на 2.600 метри надморска висина. Се претпоставува дека сопружниците паднале во пукнатина на глечерот.
-Од далеку изгледаа како камења. Кога се доближив забележав дека се замрзнати предмети, ранци, прибори за јадење, стаклено шише и чизми, сето тоа старо неколку децении, вели директорот ја блискиот ски центар, Бернар Ченен.
Замрзнатите тела се пронајдени речиси едно до друго во облека од времето на Втората Светска војна. Истите се пренесени со хеликоптер од Алпите во Институтот за форензичка медицина.
Парот оставил зад себе шест деца. Најмладата ќерка, денес 79-годишната Марселин Одри Думолин рекла дека никогаш не престанале да ги бараат.
-Ги минавме животите трагајќи по нив, без да запреме. Мислевме да им одржиме погреб каков што заслужуваат, вели таа.
Другата ќерка, Моник Гауши Думолин истакнала дека нејзините родители тоа утро кога исчезнале биле заминати во долината.
-Беше убав ден, татко ми пееше, вели нивната ќерка која тогаш ги видела родителите за последен пат. По исчезнувањето на родителите Моник се грижела за младите браќа и сестри. Нивната мајка била учителка, а татко им чевлар.
Институтот за форензичка медицина официјално ги идентификуваше телата според ДНК и е утврдено дека се работи за исчезнатиот пар од 15 август 1942 година.