Во општина Пробиштип денеска знамињата беа спуштени на половина копје, а во кафулињата се пушташе само тивка музика. Општинскиот Совет прогласи Ден на жалост по вчерашното тројно убиство во Злетово. Три куќи беа завиени во црно.
Злетовчани, кои се уште се во шок, денеска за последен пат се поздравија со Илија и Јана Михаилови и 51 годишниот Методи Димитровски.
Денеска, исто така, беше погребан и професионалниот војник Драганчо Маноилов кој откако ги уби Илија, Јана и Методи, се обеси.
Причините за убиството се уште не се познати. Наводно, Драганчо сакал да ја убие сопругата, но за среќа од смрт ја спасиле двете малолетни деца.
Маноилов вчера изутрина, вооружен со пoлуавтоматската службена пушка прво се обидел да го убие момчето за кое се сомневал дека е во врска со неговата поранешна сопруга. Во обид да го спаси настрада неговиот чичко.
Потоа Драганчо ги уби и родителите на неговата поранешна сопруга. На крај си пресуди самиот на себе.