Појадок на камениот мост денеска


На Камениот мост во Скопје, од 09 до 11 часот, ќе се одржи третата по ред Манифестација „Појадок на мост 2012“. Организатор и на годинешната Манифестација е Градот Скопје, Секторот за Локален економски развој на Град Скопје и Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.


На Камениот мост заедно со пријавените 2000 граѓани ќе појадува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Камениот мост ќе биде затворен за пешаци од 22.09.2012 во 19 часот до 15 часот на денот на одржување на Манифестацијата на 23.09.2012 година.

Влезот на манифестацијата, како и секоја година, така и оваа е бесплатен, но само со однапред обезбедени влезници, храната ќе биде однапред подготвена во специјални кутии (околу 2.200 пакетчиња), а за музичкиот дел од манифестацијата задолжени ќе бидат и уличните свирачи.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1