Полицијата поднесе 3 кривични пријави по вчерашните инциденти во Сингелиќ


Три кривични пријави ќе поднесе МВР по вчерашниот хаос во скопската населба Сингелиќ. Министерот Чулев вели дека за остантите лица кои по приведувањето излегоа на протест ќе се разгледуваат материјалите.

Според Чулев, полицијата забелажала слика на социјалните мрежи од поголема група на улицата „Алија Авдовиќ“ и по добиеното сознание, службеници се упатиле да извршат контрола.

-При пристигнувањето на полициските службеници на конректната локација забележана е група од 8 лица кои откако ги забелкежале полициските возила дел од нив се дале во бегство, а три лица останале на самото место при што од страна на полициските службеници биле лишени од слобода и биле спроведени во полициската станица Гази Баба за понатамошно постапување. При лишувањето од слобода едно од лицата се претставило како советник во општината од редовите на политичката партија СДСМ со што сакал да изврши притисок врз полицискиот службеници со цел истиот да не биде лишен од слобода.

На вчерашниот протест се појави и градоначалникот на Гази Баба, Георгиевски, кој на насобраната толпа на луѓе им ветуваше дека приведените лица ќе бидат ослободени од Полициската станица.

Чулев вели дека оваа постапка на Георгиевски била во координација со МВР со цел да се смири толпата. Чулев вели дека градоначалникот е претседател на општинскиот кризен штаб и член на Советот за превенција, па од таа позиција се појавил на протестот.

Општинскиот кризен штаб во Гази Баба во моментот заседава, а изјава од Георгиевски очекуваме по завршување на седницата.

Во Сингелиќ денеска беше мирно. Жителите не сакаа да зборуваат пред камерите, но велат дека полициските службеници вчера влегле во нивните домови и брутално ги однеле во станица.

Жителите на Сингеликј зад камерите тврдат дека вчера полицијата интервенирала поради тоа што тие поставувале легнати полицајци на улицита „Алија Авдовиќ“. Велат дека долго време барале од властите да се постават, но сега се организирале самите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1