Полицискиот час во петок, сабота и недела ќе почнува во 14 часот


Првомајскиот викенд карантин ќе стартува од 14 часот. Владата се откажа од идејата за тридневно целосно ограничување на движењето на граѓаните.

Во петок, сабота и недела движењето ќе биде дозволено од 5 часот изутрина до 14 часот попладне. Посебни мерки ќе важат и за старите и младите лица.

За граѓаните над 67 години полицискиот час ќе стартува од 11 часот, додека лицата до 18 години ќе може да се движат од 12 до 14 часот

Филипче вели дека детално се анализраат резултатите кои досега ги дадоа рестриктивните мерки, но внимателно ќе се одлучува за нивно постепено укинување. Засега не се разгледува опцијата за целосно укинување на полицискиот час.

Во целиот овој период и натаму ќе важи оврската за носење на заштитна маска во затворени простории и на отворено онаму каде што не може да се одржи растојание од два метри. Филипче потенцира дека токму овие мерки даваат конкретни резултати. растот на новозазени е во очекуваните бројки, а бројот на излекувани лица секојдневно расте.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1