Поликлиниката „Букурешт“ која беше дежурна поликлиника каде за недај боже се носеа децата во текот на ноќта, повеќе не функционира.
Дежурната служба е затворена, но граѓаните поим немаат и испаничени трчаат со болните дечиња барајќи лекар, пишува Нова Македонија.
Д-р Татјана Баевска-Вучковиќ, в.д. директорка на Здравствен дом-Скопје, за Нова Макеоднија вели дека одлука за затворање на тој пункт е уште од пред два месеца.
,, Јас не знам зошто од 2007 година досега постоел тој пункт во поликлиниката „Букурешт“, со оглед на тоа дека уште тогаш бил укинат со статутот. Родителите може да ги однесат децата во која било друга дежурна служба. Во секоја наша работна единица има по еден пункт, а таму имаше два. Ние навреме залепивме лист со информација за тоа дека не работи – вели д-р Баевска-Вучковиќ.
Но проблемот е што граѓаните не се информирани и сеуште кога детето им гори од температура трчаат во поликлиниката Букурешт. А потоа дури се препраќаат да одат и да шетаат со болните дечиња низ градот да бараат каде некој ќе им пружи помош.