Политиката не притиска до толку што ни се лоши од рускиот воздух! Завршен збор на Надежда од „Pussy Riot“


Иако сме физички зад решетки ние сме послободни од луѓето што се на другата страна, во улога на обвинители, бидејќи слободно го кажуваме она што го сакаме. Од друга страна тие го зборуваат само она што политичката цензура им го дозволува.

Членовите на рускиот бенд Pussy Riot се осудени на две години казна затвор. Нивното судење беше проследено од бројни демонстрации на приврзаници. 30 лица беа уапсени меѓу кои и шах мајсторот Каспаров. Еве што рекоа девојките во нивното завршно излагање..

,, Ова не е судење на Pussy Riot  туку на целиот систем на Руската Федерација, систем што за жал ужива да ја истакнува својата суровост, својата индиферентност, кога станува збор за луѓето, нивната чест и достоинство.

Она што го прави Pussy Riot е опозициска уметност или политика која се базира на уметничка основа. Во секој случај тоа е граѓанска акција во околности кога основните човекови права, граѓанските и политичките слободи се задушени од корпоративниот државен систем.

И покрај се, Русија не не осудува, бројот на луѓето кои што не поддржуваат и веруваат во нас секојдневно се зголемува. Сретнувам луѓе што го претставуваат системот, вработени во релевантни агенции, и луѓе што се в затвор, сметаат дека нашето место не е зад решетки. Овие луѓе веруваат во нашиот успех и ослободување, го оправдуваат нашиот политички чин.

Благодарни сме им на сите што не поддржуваат, станува збор за огромен број луѓе, го знам тоа. Знам и дека голем број верници се на наша страна.
Иако сме физички зад решетки ние сме послободни од луѓето што се на другата страна, во улога на обвинители, бидејќи слободно го кажуваме она што го сакаме. Од друга страна тие го зборуваат само она што политичката цензура им го дозволува. Тие се обични кукли управувани со конци, нивните усти се зашиени. Се надевам дека ќе го разберат тоа и ќе тргнат по патот на слободата и искреноста.

Луѓето не се совршени, прават грешки. Тежнеат кон мудрост која никогаш не ја достигнуваат, всушност така настанала филозофијата. Таа тера на делување и размислување, тоа не наведе да одиме во Исусовиот храм. Христијанството според моите познавања ја поддржува потрагата по вистината и спознавањето на самиот себе. Христос рекол „Јас им помагам на залутаните, и им простувам“, но од некоја причина тоа не го гледам во нашиот судски процес, кој се базира на христијанството.

Колку чудно и да звучи сите наши песни претскажаа дел од случувањата во иднина, вклучувајќи ја и онаа што вели „ Шефот на КГБ, нивниот главен светец, ќе ги испрати демонстрантите в затвор“. Тоа се однесува на нас. Сепак ќе го цитирам следниот стих.

„Отворете ги вратите, заедно со нас почувствувајте го мирисот на слободата“

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1