Полицаец од Гошинце хоспитализиран – состојбата е мирна


„Состојбата во општина Липково е мирна“, вели градоначалникот Садула Дураку, чија канцеларија се наоѓа на 10 километри од Гошинце, односно на 20 километри од полициска станица која рано утрово била нападната од 40-тина лица во маскирани униформи на УЧК, а четворицата дежурни полицајци – врзани и потоа избркани, пишува Дојче веле.gosince karta

„Добро е што состојбата е мирна. Засега нема никаква вознемиреност, но факт е и дека многу од граѓаните се уште не знаат што се случило. Генерално, во целиот изминат период состојбата на ова подрачје беше мирна и без никакви инциденти досега“, вели Дураку, нагласувајќи дека сите информации треба да се бараат од полицијата, бидејќи тој нема никакви сознанија за настанот.

Освен зголемени полициски сили кон Гошинце, видливо е зголемено присуство на полицијата и во општината Куманово. Претпладнево во тамошната болница му била укажана помош на Маријан Величковиќ, еден од четирите полицајци, кој се здобил со повреди од тешко физичко малтретирање при преземањето на полициската станица од страна на вооружената група. Засега нема информација дали е задржан или пуштен на домашно лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1