Полицаец кој работел во населба Чашка се застрелал во саботата, јави Утрински весник.
Лицето е на возраст од 55 години и тој се застрелал со пушка во пределот на стомакот. Тоа се случило во помошната просторија шупа додека ја чистел пушката.
Поради тежината на повредата, тој е во животна опасност, од велешката Болница итно бил пренесен во Ургентен центар во Скопје.
Полицијата го потврдила настанот.