Полицаец снимен како пука во својата поранешна девојка па во себе


Полицијата од Бојнтон на Флорида објави шокантно видео на кое се гледа како полицаец пука во својата поранешна девојка.
Камерите го снимиле моментот кога Мајкл Демарко (55), заменик шериф во округот Палм Бич, пука на својата поранешна девојка Жил Салано (41), а потоа во себе.
Облечен во униформа на шериф, Демарко најпрво ја пречекал девојката во полицискиот автомобил. Додека таа го шетала кучето тој излегол од автомобилот и започнал кавга. Во еден момент девојката се оддалечува од него, додека тој држи пиштол.
„Ме третираш полошо од куче”, рекол и почнал да пука од службениот пиштол. Испалил три куршуми и ја погодил во раката и градите, а потоа си пресудил и себе си.
Демарко починал на лице место, а девојката ја одвеле во болница.
Таа го преживеала нападот, а на полицијата и кажала дека со него раскинала една недела пред нападот. Рекла дека го оставила затоа што бил расист и многу посесивен и љубоморен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1