Полицаецот Д.С. (36) рано утрово во 4:10 часот во Пожаревац на паркингот пред зградата број 132 во улицата Божа Димитријевиќ ја уби својата поранешна девојка Јелена С. (29).
Несреќната девојка седела на совозачкото место во „опелот“. Во автомобилот било и нејзиното ново момче, поради кое го оставила Д.С.
Осомничениот Д.С. е приведен, а утврдено е дека е пукал од службениот пиштол.
Истрагата е во тек.