Полицајци натепани во тепачка во Тетово


Униформирани полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне излегле на терен на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово по пријава за нарушен јавен ред и мир од тепачка помеѓу А.Ј.(27) и Б.З.(34) двајцата од Тетово.

policija nokjПолициски службеник направил обид лицата да се разделат, доведат во послушност и лишат од слобода, при што А.Ј., Е.Ј.(27) и А.Ј.(53) сите од Тетово, ги спречиле полицајците во вршење службени дејствија, туркајќи ги во пределот на градите и  влечејќи ги за рацете, а потоа се дале во бегство. Лицето Б.З. е приведен во станица, другите три лица се повикани на разговор, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1