Иако српскиот премиер Александар Вучиќ вчера најави дека неговиот брат Андреј нема да поведе постапка против припадниците на српската Жандармерија кои го претепаа него и припадниците на премиерското обезбедување, вчера, сепак министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ наредил итно да се спроведе истрага со која ќе се откријат полицајците кои употребиле пркеумерна сила.
Припадниците на Жандармеријата кои учествувале во инцидентот најверојатно ќе бидат суспендирани додека трае истрагата против нив.
„Во консултација со командантот на Жандармеријата и директорот на полицијата наредив да се спроведе истрага. Ќе имаме извештај што се случило и веројатно ќе ги суспендираме тие луѓе до завршувањето на истрагата. Само мораме да ги идентификуваме, според снимката, сите кои учествувале во инцидентот“, вели Стефановиќ.
Тој не сакал да открива детали од инцидентот што се случи вчера за време на Парадата на гордоста во Белград, но наведе дека станувало збор за единица од Ниш.
„Не мислам дека постои оправдување за такво однесување. Од снимките се гледа дека тие ја пречекоруваат нужната употреба на сила кон лица кои не употребуваат таква сила кон полицајците и за тоа нема оправдување“, вели Стефановиќ.
ВИДЕО: Српската полиција го скрши од ќотек братот на премиерот Александар Вучиќ