Претрес во домот на познат музичар во Кавадарци извршила полицијата поради сомнение дека е вмешан во бесправно добивање на американски визи за граѓани од Македонија оти преку илегален начин повеќе државјани на Македонија во својство на музичари добиле визи и заминале за Америка иако не биле музичари, дознава “Дневник”. Претресот бил извршен во петокот во поладневните часови.
Од Секторот за односи со јавноста при МВР ги потврдуваат сознанијата на “Дневник”.
– Потврдуваме дека е извршен претрес во Кавадарци поради сознанија за можна изработка и користење на документи кои се користат при аплицирање за добивање на американска виза. Претресот е извршен по наредба на истражен судија-велат од МВР.
Во интерес на истрагата, оттаму не сакаа да соопштат повеќе детали за случајот. Случајот велат бил во постапка и се работело на негово расчистување.
Дневник