Полиција ја опколи болницата, Лазиќ нема да допре до дрога


Поради пејачот Дарко Лазиќ, болницата во која престојува во Земун е опколена со полиција. Оваа информација ја пренесува „Ало!“.

Како што рекол извор од болницата, неколку дилери се обиделе да внесат недозволени супстанции во собата на Лазиќ.

Во јавноста пред неколку дена излегла информација дека пејачот барал од доктор да му „даде нешто“. Неговите пријатели се обиделе да му ја исполнат желбата, веројатно несвесни дека тоа би можело да му го загрози животот, па дури и да предизвика трагедија. Организамот на Дарко бил во навистина лоша состојба.

Лазиќ на 23 октомври со возило „бмв“, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина поголема од 150 километри на час и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

Извор: српски „Курир“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1