Полиција среде ноќ упаднала во станот на уредничката на портал во Србија


Во станот на уредничката на порталот „Балканист“ – Лили Линч, во неделата нешто после полноќ, влегла полицијата и започнала да ја испитува додека сеуште била во креветот.

LiliСпоред зборовите на Лили Линч, полицијата ги испитувала заедно со нејзиниот свршеник кој исто така е уредник во порталот „Балканист“, Сречко Шекелиќ.

-Само се разбудив и најдов неколку полицајци во мојата спална. Тие влегоа во мојост стан и ме прашуваа зошто бев во Србија- напишала Лили на својот Твитер профил.

По деталното испитување, полицијата на крајот, кога излегувала им релка „Внимавајте вратата секогаш да ви биде затворена“.

Линч и нејзиниот вереник не се сигурни зошто полицијата ги испитувала на вака необичен начин, но се сомнева дека има некој текст кој бил објавен на порталот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1