При упадот во објектот биле откриени 17 странски државјанки кои немале регулиран престој во земјава, а се занимавале и со нелегална дејност, при што во соопштението од МВР не се наведува за каква дејност станува збор.
Богат улов имала полицијата при вчерашна рација во Тетовско, каде на мета бил угостителски објект за кој имало сознанија за нелегална работа. При упадот во објектот биле откриени 17 странски државјанки кои немале регулиран престој во земјава, а се занимавале и со нелегална дејност, при што во соопштението од МВР не се наведува за каква дејност станува збор. Приведените странски државјанки ќе бидат протерани од Македонија.
Како што се наведува во соопштението, вчера во времето од 4.10 до 7.45 часот од страна на полициски службеници од ОКП-Скопје постапено е по Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен Суд-Скопје 1, при што е извршен претрес во угостителски објект во Тетово.
Притоа, поради нерегулиран престој и нелегална работа, приведени се 17 странски државјанки од кои девет државјанки на Бугарија, две на Србија, една на Босна и Херцеговина и пет државјанки од Албанија.
На лицата, соопшти полицијата, им е изречена мерка забрана за влез во Република Македонија во траење од две години. Во текот на денот ќе бидат депортирани од земјата.