Полицијата најде пет годишно момче во куфер при претрес на човек кој патувал со воз во Венеција.
Али Слакер, 35, жител на Авганистан, спокојно го отворил својот куфер на властите, но никој не очекувал дека внатре се крие 5 годишно момче од Авганистан. Тој се правдал дека го носи детето во Германија по желба на неговите родители, кои се таму.
“Момчето изгледаше исплашено и исцрпено. Не сме сигурни колку часа поминал во внатрешноста на куферот “, изјавиле од полицијата.
Нема никаков документ со себе, но се верува дека е од Хазара, етничка група од централен Авганистан. Италијанските судии се обидуваат да се поврзат со неговите родители за да ја проверат изјавата на г-дин Слагер. Наводно момчето преку преведувач, изјавило дека сака да се врати во Германија и дека сака да го види својот татко. Слагер моментално е во домашен притвор, и обвинет е за помош на имигранти без документи.