Полицијата најде 5 годишно момче во куфер


Полицијата најде пет годишно момче во куфер при претрес на човек кој патувал со воз во Венеција. 

jimmy-in-suitcaseАли Слакер, 35, жител на  Авганистан, спокојно го отворил својот куфер на властите, но никој не очекувал дека внатре се крие 5 годишно момче од Авганистан. Тој се правдал дека го носи детето во Германија по желба на неговите родители, кои се таму.

“Момчето изгледаше исплашено и исцрпено. Не сме сигурни колку часа поминал во внатрешноста на куферот “, изјавиле од полицијата.

Нема никаков документ со себе, но се верува дека е од Хазара, етничка група од централен Авганистан. Италијанските судии се обидуваат да се поврзат со неговите родители за да ја проверат изјавата на г-дин Слагер. Наводно момчето преку преведувач, изјавило дека сака да се врати во Германија и дека сака да го види својот татко. Слагер моментално е во домашен притвор, и обвинет е за помош на имигранти без документи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1