Полицијата им дозволува на граѓаните кои биле заглавени во Дива населба да го напуштат местото, но прво сите поминуваат на детален претрес кај полицискиот пункт.
Во населбата каде се одвиваат нападите од терористите никој не смее да влезе дури ни оние кои имаат куќи таму. Во тој дел од градот е исклучена струјата, а дотокот на вода е редовен.
Според нашиот репортер од утринава од наслебата се евакуирани постари лица, но и една самохрана мајка која со своето дете останала заглавена во домот во текот на ноќта.
Полицијата ги насочува каде да се засолнат, а на некои од нив дури и им помага со превоз до сигурна локација.