Полицијата приведе едно лице за убиството на сопственикот на „Гурман“ во Кичево


Едно лице доби кривична пријава поради основано сомневање дека на 29 декември го убило сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа, соопшти МВР.

Х.Ј. делото го сторил на 29 декември 2018 околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С. (64) – сопственик на објектот.

Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1