Полицијата приведе осомничени за двојното убиство на „Рузвелтова“ (ВИДЕО)


МВР привела на информативен разговор потенцијални осомничени за вооружената криминална пресметка на „Рузвелтова“ во која две лица беа убиени, а едно беше тешко повредено, јавува Pressingtv.mk

foto- Pressingtv.mk

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информира дека собрани се и голем број материјални докази од местото на пукањето. Спасовски очекува разрешница на случајот со двојното убиство во брзо време.

Престрелката се случи во петокот вечерта, пред зградата на СЈО на „Рузвелтова“, кога непозати напаѓачи пукале во возило во движење во правец кон улицата „Орце Николов“ во кое се наоѓале три лица.

Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење. На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Наим Ајети, а другите двајца Ферди Елезовски (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила биле пренесени во Ургентниот центар, соопшти МВР.

На повредите од огнено оружје им подлегна и 47-годишниот А.П.

Повеќе инфо на Pressingtv.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1