Полицијата запленила џоинт тежок речиси еден килограм од студенти на калифорнискиот универзитет. На денот на марихуаната кога многу американци кои се залагаат за легализација на марихуаната јавно палат џоинт и одат на журки за прослава на денот полицијата останала со подзината уста кога го пронашла огромниот џоинт кај студентите.
Како што јавиле медиумите, на прославата се собрале повеќе од илјада весели студенти, на кои полицијата донекаде им го расипала расположенито. Во полицијата рекле дека им е поедноставно да ги запленат највидливите џоинти отколку да го забранат целиот настан.