Во тек е полициска акција за приведување група која препродавала фалсификувани бугарски документи и пуштала во промет фалсификат евра во платниот промет на Македонија.
Од МВР за Канал 5 потврдија дека се уапсени двајца членови на групата, додека по трет се трага. Осомничени се уште двајца за кои со сигурност се знае дека не се во Македонија. Акцијата се одвива во Кочани.
Уапсените се товарат дека набавувале фалсификат бугарски документи како и фалсификувани банкноти евра од Бугарија. Полицијата најави повеќе детали за акцијата во текот на денот.
Канал 5