Полициска акција во Ваксинце – се бара киднаперите и мигрантите


Голема полициска акција утринава се спроведува во Ваксинце, селото за кое во медиумите пишуваше дека имало огромен број на мигранти, пишува Вечер. Полицијата според првичните сознанија затекнала 120 мигранти во селото. Дел од нив биле во куќите.

Од МВР за МИА потврдија дека акцијата е завршена. Според првичните информации, откриени се околу 120 илегални мигранти, од кои триесетина биле сместени по куќи во селото.vaksince mk

Против лица од Вакцинце за кои ќе се утврди дека криумчареле мигранти ќе бидат поднесени кривични пријави.

Во акцијата е пронајдено и едно лице кое се барало по потерница за извршено убиство.

Повеќе информации за случувањата во Ваксинце, МВР најавува во текот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1