Источниот дел на Канада го зафати прв снежен бран годинава, оставајќи некои делови без електрична енергија
Во делови на провинциите Њу Брансвик и Квебек паднало речиси 50 сантиметри снег. Се очекува до крајот на денот да наврнат уште 25 сантиметри снег, соопшти канадската Метеоролошка служба.
Училиштата во северната провинција Њу Брансвик денеска останаа затворени, додека 12.000 домаќинства беа без електрична енергија.
Во провинцијата Квебек без електрична енергија останале 2.500 домаќинства.