ВИДЕО: Боледувал од рак и го планирале погребот, но се случило чудо!


Дерек Блеквел (14) полека ја губел битката со ракот, во меѓувреме го планирале неговиот погреб, кога наеднаш нешто се променило.

Блеквел веќе имал леукемија, кога му се појавил уште еден вид рак, кој е многу редок. Тој веќе се помирил со својата судбина и започнал да си го планира погребот, пренесува Дејли мејл.boy2

Тој сакал да биде погребан со песната “Move Your Feet”, во одело, а ковчегот да биде донесен со истата кола која била употребена за погребот на Винстон Черчил.

Леукемијата му била дијагностицирана кога имал 10 години, па трансплантацијата на коскената срж била единствена опција. Но, трансплантацијата била неуспешна. Неговото тело развило различни инфекции, па бил изолиран во стерилна соба. За трагедијата да биде уште поголема тој развил болест која неговото тело го прави отпорно на лекови, па антибиотиците не му помагале. Поради тоа на три прсти од неговата рака му се појавила некроза (изумирање на ткивото). Дерин и неговите родители се помириле дека после толку терапии, зрачење и повеќе од 300 операции, смртта им е пред врата.

Но, го прославиле и Божиќ за кој мислеле дека нема да го дочека. Прославиле и Нова година. Станало јасно дека инфекциите не го уништиле неговиот организам, а кога го тргнал завојот неговите прсти биле потполно здрави…

CANCER BOY LK_ITV2000_Vimeo from ITV Westcountry on Vimeo.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1