Половина милион Македонци се сиромашни


Државниот завод за статистика објави дека стапката на сиромашни лица во Македонија во 2013 година изнесувала 24,2 отсто врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија.novcanik

Најголема е стапката на сиромаштијата кај домаќинствата составени од двајца возрасни со две деца, која изнесува 24,8 проценти.

Стапката на сиромашни вработени лица е 11,1 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 10,9 отсто.

Бројот на лица кои живеат под прагот на сиромаштијата во 2013 година изнесувал 500.400.

Податоците покажуваат дека 40,3 отсто имале потешкотии со плаќање кредит или сметки за комуналии, 70,6 отсто не можеле да си овозможат да платат еднонеделен одмор во текот на годината, 23,7 отсто да имаат автомобил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1