Вака некогаш изгледаше Рекорд


Центарот на главниот град кој и ден денес го носи имете на продавницата за текстил, односно гардероба „Рекорд“ на Трготекстил е во сеќавање на повозрасните скопјани. Тоа беше зборно место пред излегување.

Ќе се чекаме на Рекорд е реченица која ја знаат сите од тоа време. А за оваа реченица има и многу поврзани анегдоти. Се договориле да се чекаат на Рекорд арно ама буквите на продавницата беа од едниот до другиот крај – па од гужвата честопати неможеа да се најдат оние кои се чекаат. За да нема забуни паѓаа и договори под која буква на Р Е К О Р Д ќе се чекаат. И се беше во ред освен ако не се договореа да се чекаат под буквата Р – прашањето беше под кое Р првото или второто.

Продавницата оддамна е затворена, а тој огромен простор е поделен на неколку помали продавници. Е ве како некогаш изгледаше :rekord

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1