Полска побарала од САД да ги купат полските јаболка откако Москва го забрани сиот увоз на храна од ЕУ, САД и другите земји што воведоа санкции кон Русија поради украинската криза.
„Ние бараме брзо решение, бидејќи ситуацијата е вонредна“, рекол амбасадорот на Полска во Вашингтон, Ришард Шнепф, пренесува полската новинска агенција ПАП.
Амбасадорот додал дека се сретнал со Михаел Скиз, висок официјален претставник во американското Министерство за земјоделство, и дека дискутирале за отворање на американскиот пазар за полските производители на јаболка.
.