Прогноза за неделава – тропски денови, во сабота пад на температурата


Во вторник не очекува тропски ден- ќе биде сончево и топло, со слаб ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22, а максималните дневни температури ќе се движат од 28 до 38 степени

toplo-vremeВо среда исто така ќе биде тропски ден, сончево и многу топло, со слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат до 24, а максималните дневни температури од 29 до 39 степени целзиусови.

Тропски ден не очекува и во четврток кога максималните дневни температури ќе се движат од до 40 степени. Ќе дува и слаб ветер од променлив правец.

Во петок во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 16 до 24, а максималните дневни температури ќе достигнат до 39 степени. УВ индекс ќе изнесува 9.

Од сабота пак, се очекува промена на временската состојба и пад на температурите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1