Додека американскиот претседател, Барак Обама живее во Белата куќа, неговиот полубрат Џорџ Обама (30), е зависник од алкохол и дрога, живее во картонска населба во кенискиот главен град.
Џорџ Обама е роден во четвртиот брак на неговиот татко, израснал во Кенија како припадник на средната класа со мајка му која се премажила со француски хуманитарен работник, белец.
Додека американскиот претседател, Барак Обама живее во Белата куќа, патува со претседателскиот авион и се дружи со славни личности, неговиот полубрат Џорџ Обама (30), е долгогодишен зависник од алкохол и дрога, живее во картонска населба во кенискиот главен град, а комшиите во шала го нарекуваат „господине претседателе“, објавил лондонски „Дејли Мејл“.
И двајцата имаат ист татко, но Барак Обама е роден на Хаваи, во друг брак на неговиот татко, со бела Американка, а по нивниот развод, се разделил со мајка му и баба му и дедо му, од страна на мајката, во Индонезија.
Деталите од неговиот живот се откриени кога прифатил да се појави во документарен филм на еден од најжешките критичари на Барак Обама, во кој Џорџ навистина, не го критикува претседателот на САД, туку ја кажува живата вистина за себе.
Филмот се вика „2016“ а го режирал тим кој што сакал да го прикаже наводниот ужас што ќе се случи, доколку Барак Обама остане на претседателската функција и во наредните четири години.
Проектот го замислил американскиот автор Динес Дсузе, кој „нарцистичкиот претседател“ го прикажува во не така блескаво светло. И самиот Џорџ напишал книга во која наведува дека и го свртел грбот на средната класа во Кенија и се решил да живее во картонско предградие, со цел да им помогне на луѓето во гетото особено на децата.
„Мојот брат стана лидер на најмоќната земја на светот. Овде во Кенија јас сакам да бидам лидер на најсиромашните и на оние кои што живеат од остатоците“, изјавил полубратот на Барак Обама.
Меѓутоа британскиот весник „Дејли Мејл“, дали со намера да го дискредитира Џорџ, или е во прашање нешто друго, напишале дека мотивите за Џорџ да се всели во картонската населба биле алтруистички и единствено поради тоа што тој се преселил е пиењето, кокаинот и марихуаната, кои биле доста евтини во тој регион, а деструктивното однесување не привлекува никакво внимание“, пренесува англискиот весник.
„Парадоксално, Џорџ тврди дека името Обама му претставува „терет и проклетство“, но секојдневно го користи за да присвои пари кои ги троши на пијалоци и дрога“, пренесува Дејли Мејл.
Барак Обама и неговиот полубрат првпат се сретнале кога Барак како помлад допатувал по смртта на неговиот татко, а втор пат за време на турнејата во источна Африка, кога навратил да си го види семејството.
Џорџ кажува дека Барак му е инспирација, а претседателот на САД, за него во својата автобиографија „Синови на мојот татко“, го наведува како „добар дечко“, но дека кога го сретнал повторно во Кенија, за него бил целосно странец.
Џорџ тврди дека не очекува помош од неговиот брат.
„Тој има своја одговорност, не треба да се грижи за мене. Јас сепак сум возрасен човек. Сите мислат дека ми праќа пари. Но, јас не сум просјак“, изјавил Џорџ.
На прашањето дали би земал пари ако Обама му ги понуди, со насмевка на лицето тој одговорил:
„Да, па кој не би земал?
„Инаку Џорџ за својата книга земал аванс од 61,000 фунти, а тие пари ги потрошил на пијалоци, дрога и двомесечен престој во летувалиштето Момбаса, заедно со неговите пријатели“, тврди Дејли Мејл.