Помина продолжениот викенд: Кои слободни денови ви следуваат по закон?


Позади нас оставаме еден пролжен викенд и во исчекување сме на следниот. Летото е период на жешко време, високи температури и голема желба за одмор.petok rabota

Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Случаите како и условите кога работникот може да да го користи правото на платено отсуство, се утврдува со колективен договор согласно Законот за работни односи.

Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете (само за таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена.

Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидени се случаите кога работникот има право на платен одмор и колку време.  Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи:

– за склучување на брак 3 дена

– за склучување брак на дете  2 дена

– за раѓање или посвојвуање дете  2 дена

– за смрт на сопружник или дете 5 дена

– за смрт на родител, брат, сестра 2 дена

– за смрт на родител на сопружник 2 дена

– за смрт на дедо или баба  1 ден

– за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до 3 дена

– за елементарни непогоди до 3 дена

Во овие случаи, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа.

Покрај ова, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.

СкопјеИнфо.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1