Јирген е првиот западен новинар кои влегол во регионот под контрола на џихадистите и преживеал. Тоденхофтер тие десет дена колку што ги поминал во таканаречената „Исламска држава“ ги опишал во својата книга кој тукушто ја објавил.
Во интервју за еден гермаски весник, новинарот изјавил дека Израел не е вклучен во основните планови на „ИД“ за превземање на власта на Блискиот исток.
„Единствена земја од која се плаши „ИД“ е Израел. Ми рекоа дека знаат дека израелската војска е пресилна за нив. Мислат дека можат да ги поразат американските и британските воени сили за кои сметаат дека немаат искуство во герилските или терористичките стратегии. Меѓутоа, знаат дека Израелците се најсилни баш на тоа поле“, изјавил Тоденхофер и ја опишал Ал Каеда како кикирики во споредба со „ИД“ по запознавањето на нивните водачи во Мосул.
„Исламска држава“ неколку пати и се заканила на Израел во своите поропагандни видео пораки, а во октомври објавија видео во кое раскажуваат дека „ниеден Евреј нема да остане во Ерусалим“. Тоа покажува дека разни групи се поврзани со „ИД“ кои се активни во Газа, а во Израел никогаш немало нивни терористичи напади како ни окупирања а палестински региони кои се во врска со „ИД“.
Израел не е дел од сојузот кој го предводи САД, а чиј цели се уништување на „ИД“ во Ирак и Сирија, но се смета дека нивните разузнувачки служби им даваат информации од Блискиот исток.
Би требало да потсетиме дека Израел е помеѓу 11 најјаки армии во светот. Израел во 2009 година издвојува 18,7 посто од својот вкупен буџет за унапредување на војската. Војниот буџет на Израел е во вредност од 15 милијарди долари. Големиот процент на воениот буџет се одвојува од одбрамбената технологија. Со тоа и говори за противракетната одбрана која може да пресретне проектили кои доаѓаат од Палестина.
Исто така, Мосад е една од најдобрите организациони разознавачки служби кои пред се се занимаваат со собирање на контра терористички податоци како и многу тајни операции. Нивните агенти се вклучени во собирање на занчајни податоци во корист на Израел. Нивната најдобра единица е Мостада која била задолжена за многу убиства и тајни операции низ целиот свет.