Поништен милионскиот тендер на мајката на Ивона


Договорот го раскинав од етички причини, очекувам така да постапи и лидерот на СДСМ со тендерите доделени на фирми на блиски до неговото семејство, изјави министерот за здравство

todorovМинистерот за здравство Никола Тодоров го раскинал договорот со фирмата „Висарис ДООЕЛ“, каде што еден од сопствениците е мајката на новинарката во Сител Ивона Талевска, од етички причини, иако правно со договорот немало ништо спорно. Ова вчера од собраниската говорница го соопшти министерот Тодоров, одговарајќи на пратеничкото прашање, пишува утрински весник.

Министерот за здравство повтори дека не знаел за тендерот за медицинска опрема и оти шест месеци по склучувањето на договорот била променета сопственичката структура на „Висарис“. При проверката на документите и постапката, според министерот, нема пронајдено никаква правна грешка и повреда на процедурата.

Договорот што Министерството за здравство го склучило со фирмата „Висарис“ за набавка на медицинска опрема вредна еден милиони евра го обелодени опозицискиот СДСМ. Министерот Тодоров тогаш тврдеше дека сопственичката структура на фирмата била сменета по склучувањето на договорот, но дека по направената ревизија нема основ тој да се поништи.

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1