Шумахер ги отворил очите, но само на кратко


Михаел Шумахер ги отворил очите, но само кратко пишува францускиот весник „Л’Екип“ повикувајќи се на свои извори, пренесува Курир.

sumi-500Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека од понеделникот лекарскиот тим почнал да го буди Шумахер од вештачката кома. Во текот на процесот на постепеното будење седумкратниот шампион во Формула 1 на кратко ги отворил очите, а тоа претставувало добар знак во процесот на закрепнување.

Семејството и лекарскиот тим не ја потврдија оваа изјава и нема да коментираат ништо додека не бидат сигурно дека Шумахер закрепнува.

Портпаролката Сабине Кем изјави дека семејството и лекарите ќе се воздржат од било какви коментари на информациите кои ќе излезат во јавноста преку медиумите и нема да коментираат шпекулации.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1