Германскиот Сојузен суд го понишпти денеска патентот за отклучување на телефон со потег на прстот, кој го заштитил „Епл“, а беше оспорен од неговите конкуренти „Моторола“ и „Самсунг“.
Американската компанија може да поднесе жалба на одлуката на германскиот Суд.
Сојузниот суд за патенти пресуди дека хоризонталниот потег со прст за отклучување на телефонот не претставува техничка иновација сам по себе и со тоа не ги исполнува условите на Европскиот закон за патенти.