Поп од тетовско остана без свештеничка одежда, му ја украле од автомобилот


Непознати сторители украле свештеничка одежда, УСБ и МП3 плеер, ноќта помеѓу четвртокот и петокот, од автомобилот на свештеникот П.Б. во тетовското село Беловиште,.popovi

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски денеска информира дека свештеникот на тетовското архиерејско намесништво на Македонската православна црква – Охридска архиепископија П.Б.(46) од тетовското село Беловиште пријавил во полиција дека ноќта помеѓу четвртокот и петокот засега непознати сторители му ја украле свештеничката одежда, УСБ и МП3 плеер.

Крадците ги украле работите од незаклучениот автомобил „Форд Мондео“ сопственост на свештеникот што било паркирано пред неговата куќа во селото.

Вкупната вредност на украденото, според проценките на свештеникот е околу 600 евра. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1