Попладне невреме со грмежи, силен ветер и град


Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Преодно стабилизирање ќе настапи во деновите од викендот, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1