Попладне се очекува силно невреме во Македонија


Попладне се очекува силно невреме во Македонија, најавуваат метеоролозите. Врнежи ќе има и во текот на вечерта, но со помал интензитет и на помала територија. Повеќе врнежи сепак се очекуваат во источниот дел на Македонија.

Повремено и локално ќе дува умерен до засилен ветер, кој ќе биде придружен елемент на поинтензивниот дожд, каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.nevreme dozd 11

Минималната температура ќе биде во границите од 13°С до 20С.

Во скопската котлина се очекува претежно облачно време со периодичен дожд и услови истиот повремено да биде пообилен. Кон крајот на денот врнежите ќе бидат и поретки и послаби. Минималната температура ќе се спушти до 18°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 25°С.

Метеоалармот издаде предупредување од жолта фаза на речи си целата територија на Македонија.

До среда ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри на метар квадратен дожд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1