Попладнево згазен уште еден пешак – 36 годишна жена настрада во Прилеп


Жена на возраст од околу 36 години, нешто после 14 часот е прегазена на патот Прилеп – Крушево, во близина на пунктот на ЕВН Македонија при обид да ја премине улицата, јавува прилепскиот портал 10без10

policija srbija

Жената се здобила со тешки телесни повреди по што веднаш е пренесена на Хируршкото одделение во прилепската Болница, и нејзината здравствена состојба е се уште неизвесна.

Увидна екипа од надлежните служби изврши увид на местото на несреќата со цел утврување на причините кои довеле до неа. Неофицијално, според очевидците, автомобилот кој удрил во жената се движел со поголема брзина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1