Поплавена Бугарија: Македонски туристи се извлекуваат со хеликоптер


Поплавени се и цели квартови во Бургас, а туристичките центри Китен, Приморско и Созопол, во кои летуваат и бројни македонски туристи се во водена блокада. Во акцијата за спасување се вклучени сите расположиви служби, а заробените се извлекуваат со хеликоптери. Нема точни податоци колку македонци во моментов престојуваат во овие туристички места.

makedonski-turisti-se-izvlekuvaat-so-helikopteri-od-sozopol-169312

Во Бугарија поплавени се осумдесет села, а во опасност е и познатото летувалиште Бургас на Црно море. Ова е трет бран на полави во Бугарија годинава.

Повеќедневни обилни врнежи предизвикаа полави на југоисток на Бугарија а особено е критично во близина на Бургас, Хасково и Димитровград, објавија бугарските медиуми.

Веќе се излеале некој од притоките на реката Марица, а се заканува и излевање на реката Ропотамо, прецизира Стандард њуз.

Најтешка е сосотјбата по должината на црноморската обала каде во реонот на Отманли-Ченгене Скеле се удави една жена , а се трага по тринаестогодишно девојче . Поплавени се и цели квартови во Бургас, а туристичките центри Китен, Приморско и Созопол, , во кои летуваат и бројни македонски туристи се во водена блокада.

Во акцијата за спасување се вклучени сите расположиви служби, а заробените се извлекуваат со хеликоптери. Нема точни податоци колку македонци во моментов престојуваат во овие туристички места.

Вечер.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1