Поплавени патишта, подруми, станови, куќи, банки…Во Хрватска хаос!


Бура пропратена со врнежи и грмотевици, ја зафати Далмација, посебно подрачјето на Шибеник и Макарска, а се проценува дека во краток период паднале повеќе од 100 литри дожд по метар квадратен.split1_697556S1-564x272

Најмногу дожд од утрово паднало на широкото подрачје на Водица, каде пожарникари од куќите и институциите испумпале огромна количина вода, поплавени се училшта и градинки, а под вода се и градските сообраќајници, пренесуваат хрватските медиуми.

На крајбрежјето на Макарска за само еден час паднало повеќе од 40 литри дожд по метар квадратен, а во самата Макарска некои улици се поплавени, сообраќајот се одвива отежнато, пожарникарите имале повеќе од 15 интервенции, а се испумпуваат и хотелските подруми.s1_697557S0-564x376

Во сплитскиот центар 112 велат дека за два часа имале преку 300 дојави од граѓани за последиците од невремето. Слична била состојбата и во околните места недалеку од Сплит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1