Нивото на водата во српски Обреновац се уште не почнало да опаѓа, но ситуацијата е стабилна, велат од Кризниот штаб. Во тек е чистење на теренот, дезинфекција и дератизација.
Кризниот штаб треба да ја разгледа можност за враќање на возрасните мажи во безбедните делови на градот со цел да мпомогнат во расчистување на теренот.
Ангажирани се и 100 пумпи за испумпување на водата од пониските делови на градот. Републичкиот штаб за вонредни ситуации изјави дека водостојот на реките Сава и Босут кај Сремска Митровица е во опаѓање и дека ситуацијата е стабилна. Српскиот премиер Александар Вучиќ вчера објави дека во поплавите во Србија животот го загубија вкупно 27 лица, од кои најмалку десет или 11 починале од природна смрт.
Еве како Обреновац изгледаше од воздух денеска – се уште огромна количина вода и згради и куќи под вода.