Најмалку шест луѓе загинаа, а повеќе од 160.000 се евакуирани од своите домови во Парагвај, Аргентина, Бразил и Уругвај поради поплави.
Ова се најтешките поплави која ја погодија Латинска Америка изминатите неколку децении.
Најтешко е погоден Парагвај каде четири лица ги загубија животите.
Претседателот Хорасио Картес прогласи вонредна состојба во земјата, а издвоено е 3,5 милиони долари помош за загрозените.