Поплавите во БиХ не се опасност само за луѓето, патиштата и куќите, туки ги отворија минските полиња останати од војната, јавува АП.
Од милион нагазни мини поставени во Босна во текот на војната 1992 до 1995 година не се отстранети уште 120.000 , на 9.146 обележани мински полиња.
Утре започнува голема потрага по мините кои се појавиле на места каде порао ги немало. Босанците стравуваат дека реката Сава , а потоа и Дунав можеби ги однеле и во Хрватска и Србија, па дури и до Бугарија.
Она од што стравуваат стручњаците е мините да не се заглават во турбините на хидроцентралите.
Босна е обврзана до 2019 да ги исчисти сите мински полиња кои зафаќаат 2,4 проценти од територијата на земјата и се опасност за околу милион жители.